18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРома сензационално ја елиминираше Барселона, Ливерпул со втора победа над Сити

Рома сензационално ја елиминираше Барселона, Ливерпул со втора победа над Сити

Рома го направи најголемото изненадување во Лигата на шампионите оваа година, откако синоќа ја победи Барселона со 3:0 во реваншот од четвртфиналето од Лигата на шампионите и поради гол на гостински терен (1:4) ги елиминираа Каталонците.

Барселона веќе трета година по ред е елиминирана во оваа фаза од најпрестижниот фудбалски турнир на Стариот континент.

Един Џеко го отвори резултатот во шестата минута, Даниеле Де Роси го зголеми резултатот во 58. по пенал, а Костас Манолас се претвори во голем херој, откако го постигна третиот гол во 82. минута.

Тимот на Ливерпул пак по втор пат го победи Манчестер Сити, овој пат со 2:1 во реваншот на „Етихад“ и со вкупен резултат од 5:1 ги елиминираше „граѓаните“. Играчите на Пеп Гвардиола имаа тешка задача да надополнат 0:3, резултат со кој Ливерпул го порази на првиот меч на „Енфилд“ минатата недела.

Средбата почна одлично за домаќините и Габриел Жезус го отвори резултат уште во втората минута. Мохамед Салах сепак изедначи во 56. а во 77-та минута Роберто Фирмино направи целосен пресврт.

Клучниот момент во дуелот се чини беше на крајот на првото полувреме, кога при резултат 1:0, шпанскиот судија Антонио Матеу Лаос поништи чист гол на Лирој Сане. Малку пред тоа, во казненото поле на гостите имаше игра со по удар на Бернардо Силва, но не беше досуден пенал.

На полувремето тренерот на Сити, Гвардиола го искажа својот бес кон сонародникот и доби црвен картон, по што вториот дел го проследи од трибините.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП