10 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПерез: Реал ќе игра против Баерн во полуфиналето

Перез: Реал ќе игра против Баерн во полуфиналето

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, веќе знае името на противникот во полуфиналето во Лигата на шампионите. Првиот човек на „кралскиот клуб“ има желба Реал во финалето да игра против Барселона, а знае дека во наредната рунда ќе мора да го прескокне Баерн.

„Дали сакаме да играме против Барселона во финалето оваа сезона? За почеток, важно е да стигнеме таму. Секако дека е можно, но прво ќе се сретнеме со Баерн бидејќи секогаш играме со нив. Доколку се пласираме во финалето и за трофејот се бориме со Барселона јас ќе се сетам на нашите победи во Суперкупот на Шпанија. Беше 3:1 на гости и 2:0 на нашиот стадион. Сепак, ние најпрвин мора да го елиминираме Јувентус“, рекол Перез.

Реал по победата над Јувентус во Торино 3:0 практично е во полуфиналето, а реваншот во Мадрид ќе се одигра утре.

Инаку, Реал и Баерн досега шестпати играле во полуфиналето на најсилното клупско натпреварување во Европа, а четирипати како победник излегувал германскиот тим.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП