8 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИКолку е тешко да се поправи Huawei P20 Pro?

Колку е тешко да се поправи Huawei P20 Pro?

Популарната интернет страна „iFixit“ во својата лабораторија го тестираше новиот „Huawei P20 Pro“ телефон. „Teardown“ на уредот од блиску ни го покажува хардверот, но исто така и колку „P20 Pro“ е едноставен за поправка.

Но кратко, „iFixit“ ни дава неколку сугестии:

– Многу компоненти на телефонот „Huawei P20 Pro“ се модуларни и може да се заменат независно од другите;

– Промената на батеријата е можна, но бара доста време и труд;

– Поради стаклото на предната и задната страна, поголем е ризикот за кршење;

– Промената на екранот бара премостување на барем два слоја лепак и вештина за расклопување на делови.

Севкупно, „Huawei P20 Pro“ доби оценка 4/10 зa можностите за поправка (10 се дава за најлесна поправка), а комплетниот „Тeardown“ процес може да го погледнете на сајтот на „iFixit“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП