3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСалах е подготвен за дуелот со Манчестер сити

Салах е подготвен за дуелот со Манчестер сити

Најдобриот фудбалер на Ливерпул Мохамед Салах ќе биде подготвен за денешниот реванш против Манчестер сити во четврт-финалето, во Лигата на шампионите.

Репрезентативецот на Египет се повреди на почетокот на второто полувреме, на првиот меч, што заврши со победа на Ливерпул 3:0. Поради повредата, Салах, не играше во саботата против Евертон.

Салах вчера тренирал што значи дека ќе биде во тимот против „граѓаните“.

Египѓанецот има неверојатна сезона зад себе, има одиграно 43 натпревари во сите натпреварувања, на кои постигнал 38 гола.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП