6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКако мотивираат парите

Како мотивираат парите

motivation

Новите истражувања од познатата клиника Mayo, открива дека парите се многу моќен мотиватор, и дека тие можат да доведат до целосно нов начин на одржување на добра линија на телото.

Научниците велат дека парите се важен фактор во губење на тежината. Така, испитаниците кои биле финансиски наградени биле поупорни во губењето на тежината и изгубиле повеќе тежина отколку оние кои не добивале награда.

Доктор Стивен Драјвер вели дека паричната награда ги охрабрува луѓето во губењето на тежината.

Дури и мала парична награда може да биде доволна мотивација за луѓето да се грижат повеќе за нивните навики.

“На многу луѓе не им помага традиционалниот пристап и тие се во постојана потрага за креативни решенија кои ќе им помогнат во губењето и контролата на тежината. Резултатите од оваа студија го откриле потенцијалот на паричните награди”, вели авторот на студијата Доналд Хенсруд.

И во минатото студиите покажаувале дека парите во голема мера може да помогнат во постигнување на краткорочни цели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП