3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПоради несиплатените плати штрајк во Панатинаикос

Поради несиплатените плати штрајк во Панатинаикос

Фудбалерите на Панатинаикос не се појавиле на тренингот во знак на протест поради несиплатените плати, објавија грчките медиуми.

Играчите му порачале на претседателот Василис Константину дека ќе штрајкуваат додека не ги добија заостанатите плати. Фудбалерите на Панатинаикос не добиле плата од декември минатата година.

Финансиските проблеми на Панатинаикос започнаа на почетокот на сезоната кога сосптвеникот Јанис Алафузос реши да го запре финансирањето на клубот.

До октомври минатата година фудбалерите редовно ги добивале своите плати.

Минатата недела, грчката Супер лига му одзеде на Панатинаикос три бода бидејќи на поранешниот играч, Јенс Вемер, не му исплатил речиси 500.000 евра. Во финишот на сезоната „зелените“ се наоѓаат на 11.место на табелата.

Панатинаикос низ историјата има освоено 20 титули во Грција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП