7 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЈуве ќе напаѓа со четворица напаѓачи против Реал

Јуве ќе напаѓа со четворица напаѓачи против Реал

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри размислува да извади состав со четворица „истурени“ фудбалери на реваншот од четвртфиналето во Лигата на шампионите.

Италијанските медиуми објавија дека Алгегри разгледувал две формации, едната е 4-2-4, а другата 4-3-3.

Како што се наведува, доколку Јувентус игра со тројца во средниот ред и три напаѓачи на теренот тоа ќе бидат Матуиди, Миралем Пјаниќ и Сами Кедира поназад, а Гонзало Игуаин, Даглас Коста и Квадрадо или Манџукиќ напред.

Во случај на четири напаѓачи Матуиди ќе остане на резервната клупа заедно со Кедира или Пјаниќ.

Првиот натпревар, што се одржа на 3 април, заврши со висок пораз на италијанскиот шампион (0:3).

Натпреварот Реал Мадрид – Јувентус ќе се игра на 11 април со почеток во 20 часот и 45 минути.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП