12 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГвардиола по поразот од Јунајтед: Се надевам дека навивачите ќе ни простат

Гвардиола по поразот од Јунајтед: Се надевам дека навивачите ќе ни простат

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, тешко го прифати поразот од 2:3 од градскиот ривал, Манчестер Јунајтед.

Неговиот тим пропушти водство од 2:0 и не успеа да ги израдува своите навивачи и да ја освои титулата во овој меч.

Каталонецот по натпреварот изјави дека бил лут, поради тоа што ги разочарал фановите на „Етихад“.

– Се разбира сакавме да победиме. Не можам да го негирам тоа. Во исто време, знаевме против кој тим се соочуваме. Тие се на второ место во лигата, но не сакам да ги анализирам моите чувства. Разочаран сум поради нашите фанови, но мислам дека не можеме да се жалиме за она што го постигнавме. Ако го анализираме натпреварот, мислам дека се справивме добро, но во исто време не можеме да очекуваме дека нашиот ривал нема да направи ништо.

Пеп додаде дека не му е јасно точно како го загубиле натпреварот но и дека навивачите ќе им простат за овој пораз кога ќе ја освојат титулата во следните кола.

– Јунајтед е горд тим со добар менаџер, кој на половина час веројатно рече: „Треба да покажеме повеќе’. Трчавме, се боревме, сторивме сѐ што можевме, а веројатно за месец-два ќе го гледаме овој натпревар и ќе се запрашаме како не го освоивме. Но, на крајот загубивме, а тоа е веројатно многу тешко за фановите. Верувам дека тие ќе ни простат ако ја освоиме титулата, рече меѓу другото Гвардиола.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП