15 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФерари пред заминување од Ф1 – бонусот намален од 100 на 40...

Ферари пред заминување од Ф1 – бонусот намален од 100 на 40 милиони

На новите сопственици на Формула 1, „Либерти медија“ речиси сигурно им се заканува заминување на Ферари од спортот, откако му порачале на италијанскиот тим дека нивниот бонус кој се исплаќа секоја сезона ќе биде намален од 100 милиони долари на 40 милиони.

Иако тимовите се обврзаа на „тајност“ околу деталите за новиот предлог-договор за од 2021 година, „Дејли мејл“ објавува дека најголемиот „шок“ на „Либерти“ по 15 месеци на чело на спортот е инсистирањето дека Ферари блефираат и дека нема да заминат од Ф1.

„Тие дефинитивно не понудија доволно ’месо’ за да ги задржат Ферари среќни“, вели изворот на „Дејли мејл“.

Најстарите и најтрофејните тимови (а Ферари е единствен кој настапувал во сите Ф1 сезони досега), досега добиваа посебни „бонуси“ за „историско значење“. Ферари засега не одговориле на шпекулациите, а се верува дека претседателот на Ф1, Серџо Маркионе размислува за следниот чекор, откако лани неколку пати се закани дека ќе замине од Ф1 ако не му се допаѓа „правецот во кој се движи спортот“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП