2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМурињо по вторпат ќе се обиде да го донесе Вилијан на „Олд...

Мурињо по вторпат ќе се обиде да го донесе Вилијан на „Олд Трафорд“

Во Манчестер Јунајтед веруваат дека можат да го привлечат играчот од средниот ред на Челзи, Вилијан во текот на летото, пишува „Сан“.

Жозе Мурињо се обиде да го донесе Бразилецот минатото лето, откако се водеа преговори меѓу „црвените ѓаволи“ и претставниците на играчот. Тогаш 29-годишниот фудбалер одлучи да остане на „Стемфорд Бриџ“, но сега Јунајтед е оптимист дека може да се постигне договор.

Вилијан има договор со Челзи до 2020 година и тимот од Лондон ќе сака минимум 30 милиони фунти за него. Се очекува „сините“ да направат големи промени во текот летото, кои ќе започнат со промена на тренерот.

Големи смени се планираат и на „Олд Трафорд“. Мурињо ќе направи „чистка“, откако има намера да промени голем дел од тимот, за да може да се бори против Манчестер Сити за титулата.

Португалецот може да се раздели со Хуан Мата, кој така и не успеа да се наметне како стартер, откако во одредени периоди менаџерот се потпира на него, а во други не го пушта во игра. Шпанецот има договор до летото 2019 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП