3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКолку ќе заработат судиите на СП?

Колку ќе заработат судиите на СП?

Фудбалските судии се под константен притисок, тоа особено ќе биде изразено на Светското првенство во Русија што ќе започне во јуни. Поради тоа, арбитрите кои ќе ја делат правдата на Мундијалот ќе бидат дополнително платени.

Главните судии како Феликс Брих од Германија, Џунејт Чакир од Турција или Нестор Питана од Аргентина за својата работа на Светското првенство ќе добијат по 57.000 евра, а дополнително по натпревар на кој ќе судат ќе добијат по 2.500 евра, пишува шпанскиот весник „Марка“.

Помошниците ќе заработат по 20.000 евра, плус 1.600 евра по натпревар.

На Светското првенство во Русија правдата ќе ја делат 36 судии и 63 асистенти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП