22 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИFacebook конечно ја ограничува достапноста до податоци

Facebook конечно ја ограничува достапноста до податоци

Aмериканската компанија „Facebook“ соопшти дека ќе ја ограничи достпноста на некои податоци на корисниците од други лица, како дел од мерките кои ги превзема по скандалот со нарушување на приватноста.

Британската компанија „Cambridge Analytica“ е обвинета дека користела лични податоци на милиони корисници, нечесно доаѓајќи до нив преку „Facebook“, да му помогне на Доналд Трамп да победи на претседателските избори во 2016-та.

„Facebook“ денес наведе дека „Cambridge Analytica“ можеби имала недозволен пристап до податоците на 87 милиони лица, а не на 50 милиони, како што беше првично објавено.

Како дел од најавените промени, „Facebook“ на надворешните апликации ќе им го ограничи пристапот до настани на кои корисникот на друштвената мрежа има намера да оди, како и пристапот до информациите од „Facebook“ групите, како што се нивните членови и содржина.

Компанијата исто така ќе ја отстрани опцијата за барање на корисници по број на телефон или електронска пошта. Иако тоа досега им помагашен на поединци да ги најдат оние кои ги бараат, „Facebook“ неведува дека компаниите кои имале телефон или електронска пошта можеле да на тој начин да соберат податоци од профилите.

Во понеделник сите корисници на „Facebook“ ќе добијат известување во кое ќе можат да видат кои апликации ги користат и кој вид на информации израбале да ги споделуваат со тие апликации. Ќе имаат можност да ги избришат апликациите кои повеќе не ги сакаат.

Корисниците во рамките на тоа ќе бидат известени и дали нивните податоци биле меѓу оние до кои имала пристап „Cambridge Analytica“, a таквите корисници се највеќе во САД, наведува „Facebook“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП