10 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИXiaomi подготвува наследник на моделот Mi 5X (видео)

Xiaomi подготвува наследник на моделот Mi 5X (видео)

Кинеската компанија „Xiaomi“ веќе подготвува наследник за својот смартфон „Mi 5X“, кој во Кина ќе се продава под името „Mi 6X“, a на меѓународниот пазар ќе ги наследи моделите „Mi A1“, како и „Mi A2“.

Според се уште непотврдените информации, станува збор за мобилен телефон кој би требало да има 5,99-инчен „IPS LCD“ екран во „Full HD+“ резолуција и во 18:9 формат.

Уредот би требало да го има чипсетот „Qualcomm Snapdragon 6263 со осумјадрениот „Cortex-A53 CPU“ и работен такт од 2,2 GHz.

Oд останатите каркатерситки, туак ќе биде графиката „Adreno 506 grafika“, 4GB RAM, 64GB интерна меморија, батерија со капацитет од 2910 mAh и оперативниот систем „Android 8.1 Oreo“ (со разлика што моделот „Mi 6X“ ќе биде заснован на „MIUI 9.5“ интерфејсот, додека „Mi A2“ ќе има „Android“ – „сток“ верзија).

Фотографските компоненти вклучуваат двојна задна камера со сензори од 20 и од 8 мегапиксели, и сензор за отвор на блендата „f/1.8“.

На предната страна ќе се наоѓа 20-мегапикселна „селфи“ камера со отвор на блендата „f/2.0“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП