ПочетнаИНТЕРЕСНОРоналдо на италијански им се заблагодари на навивачите на Јувентус

Роналдо на италијански им се заблагодари на навивачите на Јувентус

Кристијано Роналдо синоќа доби овации од навивачите на Јувентус за прикажаната игра и двата гола во триумфот на Реал Мадрид со 3:0 во првиот четвртфинален дуел од Лигата на шампионите.

Фановите на италијанскиот шампион му аплаудираа на Португалецот по вториот гол кој беше постигнат со ножички, а тој по натпреварот им се заблагодари.

-Тоа што го направија за мене е неверојатно. Никогаш во кариерата не му се случило вакво нешто. Пресреќен сум. Само ќе кажам „Грацие“ (благодарам), изјави ѕвездата на Реал.

Роналдо е првиот фудбалер во ЛШ кој постигнал гол на 10 последователни натпревари.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП