28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБиатлонската икона Бјерндален стави крај на кариерата

Биатлонската икона Бјерндален стави крај на кариерата

Норвешкиот биатлонец, Оле Еинар Бјерндален објави дека се повлекува од спортот по кариера во која освои осум олимписки злата и 20 светски титули во точно 25 години на скии.

„Мојата мотивација е несопирлива, и сите го знаете тоа, и биатлонот ми е забавен денеска исто како кога почнував, но ова е мојата последна сезона“, изјави Бјерндален на прес-конференција во солзи.

Познат во Норвешка како „Крал на биатлонот“, Бјерндален се заблагодари на своето семејство и на норвешкиот народ, откривајќи дека во последните години имал проблеми со срцето.

„Реагирав добро на третманот, но постојано се обидував да надополнам нешто“, изјави тој за неговата последна сезона во која беше само 43. во Светскиот куп и не беше избран во норвешкиот олимписки тим за Пјонгчанг.

44-годишниот Бјерднален освои 13 олимписки медали и беше најуспешниот зимски олимпиец во историјата до Пјонгчанг, кога неговата сонародничка, нордиската скијачка Марит Бјерген го сруши неговиот рекорд со 15 медали.

Сметан за еден од најголемите спортисти во историјата на Норвешка, Бјерндален е оженет со белоруската биатлонка и олимписка шампионка, Дарја Домрачева од 2016 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП