2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПокрај Раул, во клубот „1000“ се приклучи и Касилјас

Покрај Раул, во клубот „1000“ се приклучи и Касилјас

Шпанската голманска легенда, Икер Касилјас, го имаше својот 1.000 официјален настап во понеделникот, во гостувањето на Порто кај Ос Белененсес, иако „прославата“ не помина најдобро бидејќи неговиот тим загуби со 2:0.

Касилјас е една од легендите на фудбалската игра, а за неговите квалитети најдобро зборува тоа што и на 36 години еден клуб како Ливерпул е заинтересиран за неговите услуги.

Касилјас освои три титули од Лигата на шампионите со Реал Мадрид, пет трофеи од Ла лига, и сега е само вториот Шпанец со толку натпревари, по уште една легенда на „Лос бланкос“, Раул. Раул во кариерата играше на 1.033 мечеви, додека во топ 3 беа уште и Чави (956) и Андони Зубизарета (968). Како што тргнал, Касилјас наскоро може да биде и апсолутен рекордер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП