17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСтанковски замина од кормилото на Работнички

Станковски замина од кормилото на Работнички

Работнички остана без тренер откако Горан Станковски си поднесе оставка по лошата низа на „романтичарите“ во македонскиот шампионат.

По 1:1 ремито со Академија Пандев и состанокот со управата на клубот, Станковски изјави дека е потребна промена за доброто на клубот. По 25 кола во Првата лига, Работнички се наоѓа на петтата позиција со 29 поени по низата од четири меча без победа (две ремија и два порази) и со мали шанси за пласман во Европа.

„Поднесов оставка од позицијата шеф на стручен штаб на Работнички. Мислам дека ова е вистински потег од моја страна, да преземам одговорност за досегашните резултати на тимот во првенството. На тимот му е потребен нов импулс за да продолжи со подобри игри и резултати, а тренерот е тој што секогаш треба прв да ја преземе одговорноста. Сакам да изразам благодарност до раководството на клубот, претседателот Драган Поповски за укажаната доверба, и на ФК Работнички му посакувам многу успеси во наредниот период. И понатаму верувам дека овој тим може да ги исполни своите цели“, изјави Горан Станковски за официјалниот веб-сајт на Работнички.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП