21 април, 2025
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИСега можете да гледате Netflix било каде во ЕУ

Сега можете да гледате Netflix било каде во ЕУ

Ако живеете во Европската унија (ЕУ), вашите одмори ќе бидат попривлечни. Одамна ветените правила за преносливост на податоците од дигиталните медиуми влегоа во сила од 1-ви април, овозможувајќи им на корисниците од регионот да имаат пристап до „Netflix“, „Amazon Prime Video“ и други платени дигитални медиумски услуги во други земји-членки. Ова се случува на ист начин како дома, пишува „Engadget“.

Веќе нема зошто да се грижите од можноста услугата да е блокирана или морате да пребарувате библиотеката со содржина на странски јазик. Пристапот работи преку вкрстена проверка на податоците за профилот со тековната интернет адреса, така што не мора да се префрлате при поставувања или да користите специјален софтвер, ако услугата што ја сакате, одговара на новите правила.

Условите не се однесуваат на бесплатните услуги.

„Amazon“ го поздравува овој потег, бидејќи позитивно ќе влијае врз претплатниците на „Prime Video“, со тоа што услугата ќе биде покорисна за патувања.

Новата регулатива, сепак, накратко ќе влијае на жителите на Велика Британија. Се очекува „Brexit“ да стави крај на условите за преносливост за британските потрошувачи од 29-ти март 2019-та година. Ова значи дека луѓето од земјата имаат помалку од една година, во која ќе уживаат во најдобрите услови.

Додека тие сепак ќе можат да преземаат содржини за офлајн гледање, нема да имаат пристап до нови содржини додека се во странство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП