3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАгаси не сака да работи со некој што не го слуша

Агаси не сака да работи со некој што не го слуша

Прекинот на соработката помеѓу Новак Ѓоковиќ и Андре Агаси е една од најинтересните теми со кои се занимава тенискиот свет.

Агаси, во саботата, објави дека повеќе не е тренер на Ѓоковиќ, а германскиот поратл „Спокс“, објави малку повеќе информации поврзани со одлуката на Американецот да ја прекине соработката со српскиот тенисер.

Имено, порталот тврди, дека по еден затворен тренинг во Индијан Велс, Агаси си заминал лут, бидејќи Ѓоковиќ не го прифатил неговото мислење да се откаже од настапот на Мастерсот во Мајами.

Ѓоковиќ, настапи во Мајами и доживеа разочарувачки пораз од Беноа Пер.

Агаси и Ѓоковиќ соработката а започнаа на минатогодишниот Ролан Гарос. Американецот требаше да стурчни совети да му помага на Ѓоковиќ..

Во ноември 2017 година во стручниот штаб им се приклучи Радек Штепанек, кој и понатаму ќе остане негов тренер.

Агаси бесплатно работеше со Ѓоковиќ, а откако ја прекина соработката со Србинот, во тенскиот свет се шпекулира дека тој ќе биде новиот тренер на Александар Зверев.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП