3 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИАнти-смартфон: Телефон за сите кои се уморни од социјални мрежи и апликации!...

Анти-смартфон: Телефон за сите кои се уморни од социјални мрежи и апликации! (видео)

Американската компанија „Lite“ минатата година го престави својот прв „анти-смартфон“. Станува збор за минималистички телефон без интернет, апликации и други „бенифиции“ кои ги имаат паметните телефони. Идеата е вашиот телефон да го оставите дома, па така ќе можете да уживате во животот заедно со „Lite Phone“.

На почетокот на март оваа година е претставен неговиот наследник „Lite Phone 2“, во овој телефон одлучиле да го надоградат со оргинална идеа со цел да има повеќе можности и да стане попрактичен во секојдневниот живот. Неодамнешните скандали со хакирањето и бришењето на „Фејсбук“ профили може да бидат една од причините за оние кои сакаат одмор од друштвените мрежи избирајќи одмор од друштвените мрежи ќе го изберат „Lite Phone 2“, т.е. ќе се заштитат од екранот и влијанието кое повеќечасовното гледање е штетно за нашиот мозок.

Втората генерација на „Lite“ телефонот претставува едноставен и елегантен дизајн кој е сличен на претходникот, меѓутоа, разликата е во „E-ink“ екранот кој го има „Lite Phone 2“. Тој е чувствителен на допир, нуди одлична видливост и мала потрошувачка на енергија.

Телефонот е со големина на кредитна картичка и е тенок само 6,5 mm. Доби 4G поддршка и можност за испраќање на текстуални пораки, што е всушност една од најважните функции на типичниот телефон.

Покрај тоа, во втората серија на телефонот корисниците на располагање ќе имаат аларм, поголем звучник, „USB-C“ конектор за полнење и копчиња од страна кои се наменети за навигација. Дизајнерите споменаа дека телефонот е уште во развој и дека постојат можности за во иднина да се додадат уште некои паметни фукции, но постои дилема дали тоа всушност ќе има смисла. Под тие нови функции наведени се времето, навигацијата, гласовните команди и калкулатор.

„Lite“ досега собра 1,24 милиони долари преку кампања на „Indiegogo“, што е всушност многу повеќе од што планирале, а во продажба треба да го очекуваме следната година.

Со оглед дека камапањата се уште е во тек, телефонот може да се купи за 250 долари, додека подоцна неговата цена би требало да биде 400 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП