3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНООлимписките игри во Париз во 2024-та може да го надминат буџетот за...

Олимписките игри во Париз во 2024-та може да го надминат буџетот за 500 милиони евра

Организирањето на Летните олимписки игри во Париз во 2024-та година може да го надмине буџетот со половина милијарда евра, а некои објекти може да не се подготвени навреме, ако плановите не бидат разгледани, предупреди француската влада, цитирана од „Ројтерс“.

Извештајот на финансиските, спортските и инфраструктурните инспектори повика плановите за олимписките населби да бидат разгледани, за да се земат предвид археолошката вредност на некои од објектите.

Според владата населбата, каде што ќе бидат поставени медимите, треба да биде помала, а центарот за пливање и околните го згради има ризик да надминат буџетот со 170 милиони евра.

„Во оваа фаза општите потенцијални ризици изнесуваат 500 милиони евра“, се вели во извештајот, во кој се додава дека ако препораките бидат исполнети, сумата може да се намали до 200 милиони евра.

Вкупниот буџет за домаќинство на игрите првично беше доделен на 6,8 милијарди евра, а инвестицијата на јавни средства изнесува 1,5 милијарди евра.

Одделни извештаи од Сенатот и од Канцеларијата за јавна ревизија веќе предупредија дека проширувањето на париската метролинија може да чини милијарди и таа да не биде подготвена навреме за Олимпијадата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП