18 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMaserati со срце на Ferrari (фото+видео)

Maserati со срце на Ferrari (фото+видео)

„Maserati“ на саемот за автомобили во Њујорк го претстави моделот „Levante Trofeo“ моќниот V8 мотор на Ferrari

Направен на пазарот да конкурира на моделот „Porsche Cayenne Turbo“, „Levante Trofeo“ под хаубата крие 3.8-литарски „twin-turbo“ V8 агрегат конструиран во погоните на „Ferrari“.

Моторот произведува 590 ks (433 kW) и 730 Nm и му овозможува на кросоверот на „Maserati“ од 0 до 100 km/h да забрза за само 3,9 секунди, пред да ги достигне максималните 300 km/h.

Во однос на „обичниот“ модел, верзијата „Trofeo“ има агресивна надворешност со аеродинамички додатоци и „Full Matrix LED“ фарови, додека маската на ладилникот е изведена во „piano“ црна завршница.

За спортскиот изглед допринесуваат и големите отвори за воздух на предниот браник, како и вентилациските отвори на хаубата.

„Levante Trofeo“ е опремен со специјални 22 инчни алуминиумски бандажи, најголеми досега во понудата на „Maserati“, додека на задниот браник се истакнуваат двата пара моќни издувни цевки, меѓу кои е сместен дифузор во боја на каросеријата.

Внатрешноста е опремена со кожни спортски седишта, со контрастни споеви и логото „Trofeo“ на потпирачите на главата.

Понудата на овој модел се завршува со украсни детали од карбоснки влакна, метални педали за ножните команди, аналоген часовник на врвот на централната конзола, аудио систем „Bowers & Wilkins“ со 17 звучници…

„Maserati Levante Trofeo“ ќе пристигне во продажните салони во текот на летото, а цената засега не е соопштена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП