27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВан Гал: Јунајтед не ми даде доволно време

Ван Гал: Јунајтед не ми даде доволно време

Луј Ван Гал се уште не може да го прежали отказот во Манчестер Јунајтед. Клубот од „Олд Трафорд“, една година пред истекот на договорот, во јуни 2016 година, реши да ја раскине соработката со Холанѓанецот и на неговото место го назначи Жозе Мурињо.

Ван Гал, рекол, дека лажна била поддршката што ја добил од Ед Вудворд кога го освоил ФА купот.

„Ме лажеа. Ми говореа да не им верувам на медиумските шпекулации и на крајот ми го врачија отказот“, рекол Ван Гал.

Холанѓанецот смета дека Мурињо нема врска со неговиот отказ.

„Не сум разочаран. Секој тренер сака да седне на клупата на Манчестер Јунајтед. Сакав Јунајтед да игра како што тоа сега го прави Манчестер Сити. Пеп Гвардиола има многу подобри фудбалери него што ги имав јас во Јунајтед. Сити го игра најдобриот фудбал во лигата, Пеп е најдобриот тренер“, рекол Ван Гал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП