26 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОЗверев во полуфиналето ќе се сретне со Карењо Буста

Зверев во полуфиналето ќе се сретне со Карењо Буста

Германецот Александар Зверев е последниот полуфиналист на Мастерс турнирот во Мајами. Зверев за пласман во следното коло го победи Хрватот Борна Чориќ со 6:4, 6:4.

Зверев подобри ги користеше брејк шансите, а психички беше на повисоко ниво од противникот во клучните моменти, поради што и стигна до победата. Чориќ во двата сета прв доаѓаше до брејк шанси, кои не ги искористи, што неговиот противник сурово ги казнуваше.

Противник на Зверев во полуфиналето ќе биде Пабло Карењо Буста. Шпанецот во трилер-меч што траеше два часа и 45 минути го победи Кевин Андерсон од Јужна Африка со 6:4, 5:7, 7:6.

Првото полуфинале кај мажите ќе го одиграат вечерва (19 часот) Хуан Мартин дел Потро и Џон Иснер, а еден час по полноќ своето полуфинале ќе го започнат Зверев и Карењо Буста.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП