5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМилано и Торино ја посакуваат организацијата на ЗОИ 2026

Милано и Торино ја посакуваат организацијата на ЗОИ 2026

Италијанските градови Торино и Милано имаат намера заедно да ги организираат Зимските олимписки игри во 2026-та година. Писмо со намери и комплетниот план тие ќе испратат до Меѓународниот олимписки комитет (МОК).

Вообичаено е организатор на ЗОИ да биде еден град, но новиот процес е флексибилен и овозможува натпреварите да бидат распоредени во повеќе области, а Игрите да го носат името на само еден град.

Италјанскиот олимписки комитет ќе му дозволи на МОК да одлучи околу градот чие име ќе биде во официјалното име на Игрите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП