3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСкендербег доби 10 годишна суспензија

Скендербег доби 10 годишна суспензија

Албанскиот фудбалски клуб Скендербег добија забрана за европски настапи од 10 години и парична казна од милион евра во најголема казна за еден европски клуб, јавуваат албанските медиуми.

Дисциплинската комисија на УЕФА разгледуваше дури 50 мечеви кои Скендербег ги наместил во мечевите од квалификациите за Лигата на шампиони и Лигата на Европа, како и во албанската Суперлига и во пријателски мечеви од 2011 година.

Во 2010 година, УЕФА го казни македонскиот клуб Победа за местење на еден меч од квалификациите за Лигата на шампионите во 2004 против ерменскиот Пјуник со осумгодишна суспензија. Ова беше потврдено и од Судот за арбитража во спортот (ЦАС).

Претседателот на Скендербег, Ардијан Такај вели дека ќе се жалат на одлуката пред ЦАС.

„Ние сме чисти во цела оваа приказна, но очекувавме ваква казна. Сигурни сме дека сме невини, а ако ЦАС не одбие, ќе одиме пред швајцарскиот федерален суд“, вели Такај, сопственик на 75 отсто од акциите во Скендербег.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП