7 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСити двојно ќе ја зголеми платата на Стерлинг поради Реал

Сити двојно ќе ја зголеми платата на Стерлинг поради Реал

Манчестер Сити планира да му предложи нов договор и двојно поголема плата на Рахим Стерлинг, кој во оваа сезона ги бележи најдобрите резултати во досегашната кариера.

Досега англискиот репрезентативец постигна 20 гола во 37 натпревари за „граѓаните“ и го привлече интересот на некои од топ клубовите во Европа.

Се верува дека Реал Мадрид, кој се подготвува за голема промена во текот на летото, исто така размислува за понуда за Стерлинг.

Поради овој интерес, „граѓаните“ ќе започнат преговори со Стирлинг за нов договор. Во моментов, поранешниот играч на Ливерпул добива 180,000 фунти неделно, но клубот од „Етихад“ е подготвен двојно да ја зголеми неговата плата, објави „Мирор“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП