5 јули, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМурињо цели кон пет нови играчи

Мурињо цели кон пет нови играчи

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо планира да доведе пет нови засилувања во летниот преоден рок. Намерите на Португалецот се да земе двајца играчи од средниот ред кои ќе ги заменат Мајкл Карик и Маруан Фелаини, еден централен дефанзивец, како и лев и десен бек.

Според „Манчестер Ивнинг Њуз“ приоритетните имиња за средната линија се Жоржињо и Фред. Целта за центарот на одбраната е Тоби Алдервејрелд, кој најверојатно ќе го напушти Тотенхем во текот на летото. Дани Роуз, Кирон Тиeрнеј и Алекс Сандро се во листата на Мурињо за левата зона од последниот ред. Изданието не посочува какви се варијантите за десен бек, но открива дека најголемата цел е Ектор Белерин од Арсенал.

Барем шестмина пак ќе бидат оние кои ќе го напуштат Манчестер Јунајтед по крајот на сезоната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП