18 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАiPhone art - Уметност за XXI век

iPhone art – Уметност за XXI век

27321161051ab4b0c33f83276357627_640x503

Дали сликарското платно ќе го заменат таблетите и паметните телефони се уште е низвесно. Доколку тоа се случи, Сеико Јамакоа ќе биде успешен уметник, затоа што тој уште сега одлично црта на својот омилен уред.

Јамакоа инаку студира уметност, а слика на својот „iPhone“ и „iPad“ и тоа со помош на апликацијата „ArtStudio“.

Наместо четкичката и боите ги користи своите прсти, а за останатите детали и графичката обработка на сликата ја користи споменатата апликација.

Како што му доликува на еден техно-уметник, тој своите дела ги изложува „online“, поставувајќи ги на својот профил на „Facebook“. Покрај репродукцијата на познатите слики и фотографии, Јамакоа во својот опис има и авторски дела меѓу кои во преден план се портретите.

На следниот видео запис Јамакоа го има забележано целовкупниот процес на настанувањето на своите дела. Така оние кои сакаат можат да погледнат како настанало, поточно како се работи познатото дело „ Девојката со бисерна обетка“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП