30 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСовршениот КК Работнички

Совршениот КК Работнички

Најтрофејниот македонски кошаркарски тим, Работнички со 103:77 лесно ја совлада Струмица на гости за да стигне до 22 победа во исто толку мечеви од регуларната сезона за совршен старт на Суперлигата.

Во дербито на 22. Коло, Куманово со 85:70 го совлада Гостивар за да го помине на четвртото место на табелата. Сигурни во Суперлигата се и Блокотехна, која загуби од Фени Индустри со 75:68, како и МЗТ Скопје, кој без проблеми со 97:64 го совлада Пелистер.

Борбата за шестата позиција и последното место ќе се реши по мечот во четврток меѓу Карпош Соколи и АВ Охрид – доколку Соколи ги победат охриѓани, во Суперлигата одат Фени, но ако победат АВ Охрид, тогаш тие се последниот патник во елитата.

Фото: МКФ

ПРВА ЛИГА, 22.КОЛО

Струмица – Работнички 77:103

Кожув – Шкупи 101:82

Фени индустри – Блокотехна 75:68

Пелистер – МЗТ Скопје 64:97

Куманово – Гостивар 85:70

Карпош Соколи – АВ Охрид 30.03

ТАБЕЛА: 1.Работнички 44, 2.Блокотехна 39, 3.МЗТ Скопје 38, 4.Куманово 37, 5.Гостивар 36, 6.Фени И. 32, 7.Кожув 31, 8.АВ Охрид 30, 9.Пелистер 29, 10.Шкупи 27, 11.Карпош Соколи 26, 12.Струмица 24.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП