ПочетнаИНТЕРЕСНОНавас се сели во Сити за 25 милиони фунти

Навас се сели во Сити за 25 милиони фунти

navas

Второпласираната екипа во англиската Премиер лига, Манчестер Сити е многу близу до првиот трансфер во летниот преоден рок, откако тие постигнале договор со шпанскиот прволигаш Севилја за крилото Хесус Навас. 27-годишниот шпански репрезентативец ќе премине на „Етихад Емирати“ за околу 25 милиони фунти, соопштуваат медиумите во Англија.

“Манчестер Сити е тим кој ми се допаѓа”, изјавил и самиот Навас, кој најверојатно ќе пристигне во Англија во наредните недели за да потпише договор со „граѓаните“.

Пред неколку дена во Шпанија се појави информација дека раководството на Севилја сака да го продаде Навас токму во Манчестер, а не во Реал Мадрид, кој исто така е заинтересиран за репрезентативецот на „црвената фурија“.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП