27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБразил ја порази Германија сред Берлин, Франција ја покажа силата против Русија...

Бразил ја порази Германија сред Берлин, Франција ја покажа силата против Русија (фото+видео)

Иако тежината на мечот воопшто не беше иста, Бразил успеа да ја победи Германија сред Берлин со 1:0 во првиот меѓусебен дуел по срамотниот 7:1 пораз на „Селесао“ на Светското првенство на домашен терен пред неполни четири години.

Човек на одлука беше ѕвездата на Манчестер сити, Габриел Жесус, кој по одличното нафрлање на Вилијан, со глава го погоди голманот Кевин Трап, кој со трапава реакција ја смести топката во мрежата. Оваа победа никако не може да биде „реванш“ за мечот во Бело Хоризонте во 2014 година, но секако го крева моралот во „Селесао“ под водство на селекторот Тите, и тоа без првата ѕвезда, Нејмар.

За актуелните светски шампиони пак, ова е прв пораз по тој во полуфиналето на Европското првенство во 2016 година, кога во полуфиналето ги совлада Франција со 2:0 благодарение на двата гола на Гризман. Најзагрижувачки за Јоаким Лев треба да биде местото на голман, поради отсуството на Мануел Нојер.

Франција ја совлада Русија со 3:1 на „Крестовски“ во Санкт Петербург во интересен тест-меч пред Светското првенство во Русија, покажувајќи дека „триколорите“ се меѓу фаворитите за титулата со тим полн со ѕвезди.

Тинејџерската ѕвезда на Пари Сен-Жермен, Килијан Мбапе во 40-тата минута доби одлична топка од Пол Погба, за лесно да го совлада Андреј Лунев. На почетокот на второто полувреме беше време Погба да блесне, откако постигна фантастичен гол од слободен удар од 30-тина метри.

Русија врати еден гол во 68. минута преку Фјодор Смолов, пред Мбапе во 83. минута уште еднаш да докаже зошто вреди 180 милиони евра за успешен тест на тимот на Дидие Дешам.

Хрватска го победи Мексико со 1:0, во пријателски натпревар, што во ноќта помеѓу вторникот и средата, пре 70.000 гледачи се одигра во Далас, САД.

Без неколкумина стандардни репрезентативци Хрватска успеа да забележи минимална победа над Мексико. Единствениот гол на натпреварот го постигна Иван Ракитиќ во 62 минута од пенал.

Хрватска на американската турнеја, во комплетен состав, во вторникот загуби од Перy со 2:0.

Ако имаше стравувања за тоа како Аргентина ќе игра на Светското првенство во Русија ова лето, тие се трансформираа во паника по понижувачкиот 6:1 пораз на „Ванда метрополитано“ од разиграната Шпанија.

Без Лео Меси во составот, „Албиселесте“ се „распаднаа“ на теренот, примајќи неверојатни шест голови – Иско постигна хет-трик, додека во листата на стрелците се запишаа и Диего Коста, Тијаго Алкантара и Јаго Аспас. За селекцијата на Хорхе Сампаоли, утешниот гол го постигна Николас Отаменди.

Како и да е, колку и да е моќна Шпанија, Аргентина не смее да губи со ваков неверојатен резултат доколку сака да се смета за сериозна репрезентација на Мундијалот, каде што едвај се квалификуваа, повторно само благодарение на неверојатниот Лео Меси.

ПРИЈАТЕЛСКИ МЕЧЕВИ

Хрватска – Мексико 1:0

Русија – Франција 1:3

Луксембург – Австрија 0:4

Романија – Шведска 1:0

Белгија – Саудиска Арабија 4:0

Германија – Бразил 0:1

Полска – Јужна Кореја 3:2

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП