3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЗа многу пониска плата Ибрахимовиќ се пресели во ЛА Галакси (видео)

За многу пониска плата Ибрахимовиќ се пресели во ЛА Галакси (видео)

Златан Ибрахимовиќ официјално e играч на ЛА Галакси. Веста беше потврдена на сајтот на американскиот клуб, a преку атрактивно видео 36-годишниот Швеѓанец ги поздрави навивачите на својот нов клуб.

Ибра го раскина договорот со Манчестер Јунајтед по заемна согласност, а веднаш потоа си купи реклама на цела страница во „LA Times“, преку која на оригинален начин го потврди трансферот.

„Решив да потпишам со Галакси, бидејќи мислам дека тоа е вистинското место за мене. Мислам дека можам да дадам многу и да помогнам многу. Ова е најдобриот тим во САД, нема никакво сомнение. Местото е различно, но Златан е ист“, рече Ибрахимовиќ, кој ќе игра со број 9 во МЛС.

Златан Ибрахимовиќ ќе добие најмалку 10 пати помалку од времето на Манчестер Јунајтед. Медиумите тврдат дека играчот потпишал договор до крајот на 2019-та година за сума од 1,5 милиони долари годишно (околу 1,2 милиони евра).

Скандинавскиот титан доби многу поголем износ откако се пресели на Олд Трафорд, како слободен агент. Според различни извори, платата на Златан во „црвените ѓаволи“ изнесувала помеѓу 15 и 20 милиони евра. Но, сигурно ветеран ќе направи многу повеќе пари од спонзорски договори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП