3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАгуеро: По Сити се враќам во Аргентина

Агуеро: По Сити се враќам во Аргентина

Аргентинскиот голгетер Серхио Агуеро ќе се врати во својот матичен клуб Индепендиенте, откако во 2020 година ќе му истече договорот со Манчестер Cити.

„Имам договор со Сити до 2020 година. Кога ќе истече се враќам дома во Индепендиенте“, изјавил за „Фокс спорт“ аргентинскиот напаѓач.

Агуеро, пред да се пресели во Европа, девет години бил член на Индепендиенте. Класата ја покажа во Атлетико Мадрид, откаде пред седум години пристигна во Манчестер Cити.

Со „граѓаните“, овој 29-годишен фудбалер, има освоено две титули во Премиер лигата.

Агуеро оваа сезона има постигнато 30 голови во сите натпреварувања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП