6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСтох ја заврши сезоната со победа на Планица (видео)

Стох ја заврши сезоната со победа на Планица (видео)

Шампионот од Светскиот куп во ски скокови, Камил Стох ја заврши сезоната со стил, стигнувајќи до деветтата победа оваа сезона на леталницата во Планица, Словенија.

Стох веќе ја имаше обезбедено титулата од СК во Викерсунд, Норвешка минатата година, но сепак, не се опушти и стигна до својата 31. победа во кариерата, откако го имаше најдолгиот скок во првата серија од 245 метри, а во втората серија 234.5 метри беа доволни за победа со 455.6 поени. Австриецот Штефан Крафт го освои второто место пред Норвежанецот Даниел Андре Танде.

Со ова се комплетира неверојатната сезона на 30-годишниот Полјак, кој исто така победи на новогодишната турнеја 4 Скокалници со победи на сите четири скокалници и освои злато на големата скокалница на Олимпијадата во Пјонгчанг.

„Сезоната беше фантастична за цел тим. Сакам да им се заблагодарам на сите колеги од полскиот тим, бидејќи без нив немаше да бидам тука. Сакам да се заблагодарам и на сопругата, родителите и фановите. Нашиот спорт ги има најдобрите фанови на светот“, објаснува Стох.

Германецот Рихард Фрајтаг беше втор во генерален пласман со 373 поени заостанување, додека Танде беше трет. Норвешка убедливо го освои Купот на Нации пред Германија и Полска, додека Андреас Стјернен со петтото место во Планица го освои Светскиот куп во скијачки летови пред Роберт Јохансон и Стох.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП