ПочетнаИНТЕРЕСНОСебастијан Фетел победи на трката за Големата награда на Австралија

Себастијан Фетел победи на трката за Големата награда на Австралија

Германецот во Австралија победи благодарение на стратегијата со која го надмудри актуелниот светски шампион Луис Хамилтон кој трката ја започна од пол-позицијата. Фетел ги посети своите механичари во моментот кога виртуелното безбедносно возило беше на патеката.

Потоа, тој од боксот излезе пред Хамилтон, ја задржа предноста и ја оставри 48.победа во кариерата.

Третото место му припадна на неговиот тимски колега Кими Раиконен. Зад Финецот трката ја завршија Даниел Рикардо од Ред Бул и Фернандо Алонсо од Мекларен.

Бодови во Австралија освоија и Макс Ферстапен (Ред Бул), Нико Хулкенберг (Рено), Валтери Ботас (Мерцедес), Стофел Вандорн (Мекларен) и Карлос Саинц (рено).

Наредната трка на програмата е на 8.април во Бахреин.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП