28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРеми на дуелот Германија-Шпанија, Лингард и донесе победа на Англија (видео)

Реми на дуелот Германија-Шпанија, Лингард и донесе победа на Англија (видео)

Петокот беше резервиран за низа на пријателски натпревари на најсилните светски репрезентации, како претпоследен тест пред Мундијалот во Русија.

Актуелните светски шампиони Германија не дозволија да бидат поразени од Шпанија, откако на „Есприт арената“ во Диселдорф одиграа интересно 1:1 реми.

„Фуријата“ рано дојде во водство откако во шестата минута, Андрес Иниеста со одлично додавање и избегнување на офсајд-стапица го пронајде голгетерот на Валенсија, Родриго. „Панцерите“ израмнија во 35. минута со прекрасниот гол на Томас Милер од над 25 метри. До крајот на дуелот меѓу две репрезентации кои се сметаат меѓу првите фаворити за титула на Мундијалот во Русија, немаше погодоци.

Џеси Лингард одличната форма во Манчестер јунајтед ја продолжи и на репрезентативно ниво, откако го постигна единствениот гол во победата на Англија од 1:0 над „реконструираната“ Холандија во Амстердам. За разлика од Јунајтед, Лингард и неговиот колега Маркус Рашфорд беа стартери во тимот на Герет Саутгејт.

Аргентина и без Лео Меси (кој селекторот Хорхе Сампаоли реши да го одмори), беше пресилна за Италија на „Етихад“ во Манчестер. „Албиселесте“ го скршија отпорот на „аѕурите“ под преодниот селектор Ди Бјаџи во последните 15 минути.

Прво Евер Банега од работ на шестнаесетникот во 75. минута го совлада Буфон, по што напаѓачот на Вест Хем, Мануел Ланзини ја искористи шансата и десет минути подоцна по еден брз контранапад постигна одличен гол.

Мохамед Салах 93 минути го стави во сенка и Кристијано Роналдо, откако на пријателскиот меч во Цирих, со голот на ѕвездата на Ливерпул, Египет имаше предност од 1:0 до последните минути од мечот против актуелниот европски шампион, Португалија.

Кристијано Роналдо, повторно покажа колку значи за Португалците, откако постигна два гола во 93. и 96. минута за пресврт и 2:1 победа.

ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАРИ

Турција – Република Ирска 1:0

Грција – Швајцарија 0:1

Унгарија – Казахстан 2:3

Тунис – Иран 1:0

Украина – Саудиска Арабија 1:1

Србија – Мароко 1:2

Аргентина – Италија 2:0

Австрија – Словенија 3:0

Холандија – Англија 0:1

Германија – Шпанија 1:1

Полска – Нигерија 0:1

Португалија – Египет 2:1

Шкотска – Костарика 0:1

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП