10 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСопствениците на Манчестер Сити бараат повеќе фудбалски клубови

Сопствениците на Манчестер Сити бараат повеќе фудбалски клубови

Сопствениците на Манчестер Сити бараат повеќе фудбалски клубови за да ги купат.

„City Football Group“ во моментов е сопственик на фудбалските клубови Манчестер Сити, Њујорк Сити и Мелбурн Сити. Компанијата, исто така, управува со вкупно над 20 екипи во овие градови.

Организацијата е 87% сопственост на „Abu Dhabi United Group“, а останатиот малцински удел е сопственост на конзорциумот „China Media Capital“.

Компанијата сака да купи повеќе клубови, изјави за „CNBC“, Том Глок, главен комерцијален директор на „City Football Group“.

„Сметам дека е многу веројатно дека ќе купиме уште клубови. Гледаме на бенефициите на голем број места во светот“, вели тој.

Според Глок, Кина е во фокусот поради подобрувањето на состојбата тамошната професионална лига, добрата посетеност на стадионите и очигледната државна поддршка.

„Тоа е прилично воспоставена пракса од гледна точка на девојчињата и момчињата кои ја учат играта играјќи за задоволство“, вели Глок.

„Возрасните пак се учат на тренерски вештини на високо ниво, градат капацитети, се отвораат училишта и сето тоа кулминира со подобрување на настапите на националниот тим“, додава тој.

Стручњакот за продажба додава и дека Јужна Кореја, Јапонија и Индија се земји каде што фудбалот претстои да забележи сериозен раст.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП