2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИталијанците го чуваат бројот 13 на Астори

Италијанците го чуваат бројот 13 на Астори

Ниту еден од италијанските репрезентативци нема да го носи дресот со бројот 13 на пријателските натпревари против Аргентина и Англија. На овој начин Фудбалскиот сојуз на Италија уште еднаш ќе му одаде почит на Давиде Астори.

Капитенот на Фиорентина почина во сон пред три недели, пред дуелот помеѓу Удинезе и Фиорентина.

Исто така, дуелите против Аргентина и Англија ќе почнат со минута молчење во чест на Астори.

Давиде Адтори 14 пати го носел дресот на Италија и постигнал еден гол. Претходно неговите поранешни тимови Каљари и Фиорентина го повлекоа бројот 13.

Бројките на дресовите на италијанските репрезентативци:

Голмани: 1. Буфон (Јувентус), 26. Донарума (Милан), 27. Перин (Џенова)

Одбрана: 19. Бонучи (Милан), 4. Дармијан (Манчестер јунајтед), 2. Де Шиљо (Јувентус), 3. Ферари (Сампдорија), 24. Флоренци (Рома), 5. Огбона (Вест Хем), 15. Ругани (Јувентус), 11. Спинацола (Аталанта), 21. Запакоста (Челси)

Среден ред: 7. Бонавентура (Милан), 23. Кристанте (Аталанта), 20. Гаљардини (Интер), 14. Жоргињо (наполи), 18. Пароло (Лацио), 16. Пелегрини (Рома), 8. Верати (ПСЖ)

Напад: 9. Белоти (Торино), 6. Кандрева (Лацио), 25. Киеза (Фиорентина), 22. Кутроне (Милан), 17. Имобиле (Лацио), 10. Инсиње (Наполи), 12. Верди (Болоња).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП