8 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИInstagram воведе опција која на Twitter веќе долго време постои

Instagram воведе опција која на Twitter веќе долго време постои

„Instagram“ започна по чекорите на „Twitter“ воведувајќи им на своите корисници уште една можност.

Имено, досега корисниците во делот за биографија можеа да внесуваат линкови и хаштагови. Кога ќе го внесете знакот „@“ или „#“, проследен со текст, ќе се појави линк кој вашите профили ќе ги води на други профили или објави со истиот хаштаг.

Личноста која ќе ја споменете во својот профил ќе добие нотификација. Таа има опција да го избрише својот линк од вашата биографија.

„Тоа е начин од вашиот профил да создадете „дом“ со работи кои најмногу ви значат“, наведува компанијата во своето соопштение.

Оваа опција на „Twitter“ постои од 2016-та година, додека на социјалната мрежа „Facebook“ се уште ја нема.

„Instagram“ во последните неколку месеци е фокусиран на хаштаговите и поврзување на корисниците и содржините на тој начин.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП