2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОШпанија ја тужи Малта поради обвинувањата за допинг од 1984 година

Шпанија ја тужи Малта поради обвинувањата за допинг од 1984 година

Фудбалската федерација на Шпанија најави дека ќе ја тужи Малта поради обвинувањата дека шпанските фудбалери биле под допинг на квалификацискиот натпревар за пласман на Европското првенство во 1984 година.

Тогаш на „црвената фурија“ ѝ била потребна победа од 11 гола разлика за да избори пласман на првенството во Франција. Шпанија на 21 декември 1983 година успеала да ја победи Малта, 12:1, и да се пласира на Европското првенство.

Меѓутоа, весникот „Ас“ ја пренесува изјавата на стрелецот на единствениот гол за Малта на тој меч, Силвио Демануеле, кој рекол дека репрезентативците на Шпанија изгледале како да се под допинг. Тогашниот селектор на Малта, Виктор Скери, изјавил дека неговите фудбалери не се чувствувале добро откако на полувремето консумирале лимун што им го понудиле Шпанците.

Владејачкото тело на шпанскиот фудбал на својата официјална интернет -страница категорично ги отфрли овие обвинувања дополнувајќи дека сите фудбалери „биле чисти во еден од најзначајните натпревари во историјата на репрезентацијата“.

Фудбалскиот сојуз на Шпанија предупреди дека ќе ги тужи сите оние што сакаат да си играат со угледот на шпанскиот фудбал.

Шпанија на Европското првенство во Франција стигна до финалето, кое го загуби од домаќинот со 2:0.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП