3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИрска лекција за Македонија У-17

Ирска лекција за Македонија У-17

Република Ирска со одлично второ полувреме стигна до 3:0 победа над македонската фудбалска репрезентација до 17 години во квалификациите за Евро 2019 во Англија.

По првото полувреме без голови, во 57. минута, Адам Ајдах донесе водство за Ирците со гол од пенал, по што играта на нашите момци се распадна и тие примија уште два гола во следните 12 минути. Прво Шон Бренан зголеми на 2:0 во 62. минута, пред Тајрик Рајт само седум минути подоцна да ги постави конечните 3:0.

Во вториот меч на стартот на квалификациите од нашата група, Грузија и Полска одиграа 2:2.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП