6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСо Синовец во тимот, МЗТ се врати на победите

Со Синовец во тимот, МЗТ се врати на победите

Со старо-новиот играч Стефан Синовец во составот, МЗТ Скопје Аеродром се врати на победите во Првата кошаркарска лига, убедливо победувајќи го Кожув со 88:57 по незгодниот пораз во дербито со Работнички, кое се играше два дена.

Најефикасен за „металците“ беше Андреј Маслинко со 16 поени, Марко Симоновски уфрли 11, додека повратникот Синовец придонесе со 10 поени за актуелниот шампион.

Доминантни гостински победи во 20. коло забележаа и тимовите на Гостивар и Блокотехна. Гостиварци со 112:78 го победија Карпош Соколи, додека Блокотехна немаше сериозен противник на гостувањето во Струмица победувајќи со 97:57.

ПРВА ЛИГА, 20.КОЛО

Фени Индустри – Пелистер 79:68

МЗТ Скопје Аеродром – Кожув 88:57

Карпош Соколи – Гостивар 78:112

Струмица – Блокотехна 57:97

Куманово – Шкупи

АВ Охрид – Работнички 23.03

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП