5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФерстапен: Психологијата не игра улога во Формула 1

Ферстапен: Психологијата не игра улога во Формула 1

Иако многу Ф1-возачи сакаат да зборуваат за својата ментална сила кога ќе дојдат клучните моменти на патеката, асот на Ред бул, Макс Ферстапен, вели дека неговиот успех не се базира на менталната сила, туку само затоа што ужива да вози бргу.

Холанѓанецот, кој на 18 години стана најмладиот победник на Ф1-трка во 2016 година во Барселона, лани додаде две победи во шампионатот и во интервју за „Гардијан“ вели дека никогаш не размислува колку ментално е силен.

„Никогаш не сум размислувал за менталната страна на работите бидејќи сум немал такви проблеми. Ако си слаб во главата, можеби можеш да го тренираш умот, но тоа нема да биде твоја силна точка. Многумина ме прашуваат: ’Што е потребно ментално да успееш во Ф1?’ и секогаш им одговарам: ’Како тоа ментално?’. Јас само уживам да возам бргу“, вели 20-годишниот Ферстапен.

Ферстапен, чиј татко Јос се натпреваруваше во Ф1, на почетокот на својата кариера во картинг имаше неверојатен скор – 68 победи во првите 70 трки, така што вели дека тој успех му ја кренал самодовербата.

„Мораш да веруваш во себеси, а јас го имам тоа од деновите кога возев картинг. Не бев од тие деца што прашуваа: ’Дали сè ќе биде во ред, дали сум доволно добар?’. Можеби има причина зошто си ги поставуваш тие прашања“, објаснува Ферстапен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП