Ракометарите на Вардар од Охрид ќе ја почнат одбраната на титулата во домашниот шампионат.
Првото коло на програмата е на 25 март, а покрај дуелот Охрид 2013-Вардар на програмата ќе бидат и натпреварите Металург-Пролет 62 и Еурофарм Работник-Пелистер.
Според ждрепката, скопските дерби-средби што треба да решаваат за титулата на програмата се во петтото, односно во десеттото коло.
Вардар ќе го пречека Металлург во „Јане Сандански“ на 5 или 6 мај, а шампионот ќе гостува во Автокоманда на 2 или 3 јуни.