2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЦИЕС: Кејн вреди повеќе од Меси, Роналдо го нема во Топ 50

ЦИЕС: Кејн вреди повеќе од Меси, Роналдо го нема во Топ 50

Меѓународниот центар за спортски студии (ЦИЕС) објави листа од 50 фубалери чии потенцијални трансфери на клубовите би можеле да им донесат најмногу пари. Единствен и основен критериум е разликата помеѓу сумата за која играчот дошол во клубот и сумата за која би можел да замине.

Истражувањето на ЦИЕС во прв план ги става играчите кои се продукт на клупските школи, поради тоа високо на листата котираат Хари Кејн, Лионел меси, Маркус Рашфорд, Лоренцо Инсиње, Саул Нигес, Коке…

На првото место на оваа листа не се ниту Лионел Меси, ниту, пак, Кристијано Роналдо (Португалецот го нема на ова алиста), туку е Хари Кејн.

Најдобриот стрелец на Тотенхем токму со овој клуб го потпишал првиот професионален договор во кариерата, а неговата вредност сега се проценува на 198 милиони евра.

На второто место е Меси, продукт на школата на Барселона (197 милиони евра), а трет е уште еден играч на Тотенхем, Бамиделе Али.

Партнерот на Кејн во нападот, во Тотенхем пристигнал за 7 милиони евра, а неговата вредност сега се проценува на 171 милиони евра.

Следува Антоан Гризман од Атлетико Мадрид, за кого клубот на Реал Сосиедад му плати 30 милиони евра, а сега вреди 158 милиони евра.

Првите петмина ги комплетира Паоло Дибала за кого Јувентус плати 40 милиони евра, а сега вреди 155 милиони евра.

Комплетната листа може да ја погледнете на сликата подолу, а регионот го преставуваат Иван Ракитиќ од Брселона и Сергеј Милинковиќ-Савиќ од Лацио.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП