2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФудбалскиот клуб Локомотива е најновиот партнер на Cashback World, најголемата куповна заедница...

Фудбалскиот клуб Локомотива е најновиот партнер на Cashback World, најголемата куповна заедница во светот која што брои повеќе од 8 милиони членови.

Фудбалскиот клуб Локомотива, кој моментално се натпреварува во втората фудбалска лига во Македонија, се здоби со клубска лојална програма која вклучува целосно брендирана Cashback картичка наменета за сите фанови на клубот. Оваа картичка во себе ги нуди сите предности при купувањето што ги нуди и меѓународната Cashback World картичка.

„Пресреќен сум и возбуден за оваа соработка помеѓу ФК Локомотива и Cashback World. Со користење на оваа бесплатна брендирана картичка поддржувачите на клубот освен што ќе добијат членски предности во вид на Cashback и шопинг поени, истовремено ќе го поддржат и фудбалскиот клуб Локомотива бидејќи од износот на сите купувања направени со Локомотива Cashback картичката, до 1% директно ќе одат за поддршка на клубот. Понатаму, тие средства ќе се користат за развој на младинската школа, младинските категории, како и за сите потреби на клубот, изјави Никола Миновски, спортски директор на ФК Локомотива.“

На официјализирањето на соработката присуствуваше и г-дин Радован Витошевиќ, Генерален Директор на Cashback World за Македонија и Бугарија. „Горди сме за соработката со фудбалскиот клуб Локомотива. Ги покануваме сите поддржувачи и фанови на клубот да се регистрираат и бесплатно да си ја подигнат својата ФК Локомотива Cashback картичка. Би сакал да посочам дека редовното користење на оваа картичка им овозможува на фановите прво да заштедат пари, а второ и финансискси да го поддржат својот омилен клуб., изјави тој.“

ФК Локомотива Cashback картичката може да се користи на повеќе од  1,300 локации во Македонија и кај преку 80.000 трговски партнери низ светот. Подетални информации ќе најдете на www.cashbackworld.com/mk.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП