27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМанчестер јунајтед преку Брајтон до полуфинале во ФА купот

Манчестер јунајтед преку Брајтон до полуфинале во ФА купот

Манчестер јунајтед по катастрофалната недела и испаѓањето од ЛШ останува во игра за барем еден трофеј оваа сезона, благодарение на Белгиецот Ромелу Лукаку и Србинот Немања Матиќ.

„Наредникот“ на Жозе Мурињо, како што самиот милува да се нарече Лукаку, постигна еден гол важен за полуфинале од ФА купот.

Манчестер јунајтед со 2:0 го победи Брајтон Хоув & Албион.

Жозе Мурињо по „војната“ со англиските медиуми околу неговиот успех во Јунајтед, повторно излезе со малку чуден состав на „Олд Трафорд“, без Пол Погба и Маркус Рашфорд меѓу стартерите (иако Рашфорд доби шанса да ги игра последните 15 минути). Човек на одлука беше Лукаку, кој се најде на вистинското место по одличното нафрлање на Немања Матиќ за водство по првите 45 минути.

Матиќ потоа во 84. минута доби добра топка од Ешли Јанг за гол и за сигурно полуфинале за „Ѓаволите“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП