4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЌе се снима филм за „влезот“ на Мејведер во ММА арената!

Ќе се снима филм за „влезот“ на Мејведер во ММА арената!

Режисерот Боби Рејзак го потврди „трансферот“ на Флојд Мејведер Јуниор во ММА рингот откако најави дека ќе снима посебен филм за американскиот непоразен боксерски шампион и неговиот поход кон победа над Конор Мекгрегор и во октагонот.

Мејведер прво демантираше дека е подготвен за ММА борби, но вчера потврди дека ќе почне да работи на своите боречки квалитети според правилата на УФЦ. Мејведер и Мекгрегор го имаа најбогатиот боксерски меч во историјата минатото лето, кога само „Мани“ освои над 100 милиони долари за победата во осум рунди.

„Преговарам со Флојд да го следам неговиот прогрес во ММА од нула до мечот“, напиша Рејзак на Твитер.

Мејведер минатиот месец преку Инстаграм го провоцираше Мекгрегор, ставајќи фотошопирана фотографија како го „млати“ Ирецот во октагон со порака „Сигурен убиец против сигурна кучка“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП