13 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМеркел: Нема да го бојкотираме Мундијалот

Меркел: Нема да го бојкотираме Мундијалот

Германската канцеларка Ангела Меркел ја отфрли можноста оваа земја да го бојкотира Светското првенство во Русија.

Изминатите денови медиумите шпекулираа дека Германија ќе го бојкотира Светското првенство како би покажала солидарност кон Велика Британија, поради труењето на поранешнен руски шпион.

„Тука не станува збор за бојкот на Светското првенство во фудбал, туку е важно да се спроведе истрагата“, рекла Меркел одговарајќи на новинарско прашање за мерките што Европа треба да ги преземе по повод овој случај.

Канцеларката навела дека Европската унија ќе реагира на нападот за кој Лондон ја обвинува Русија и дека по ова прашање ќе се разговара наредната недела на состанокот во Брисел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП